РОВЕРОТ „ПЕРСЕВЕРАНС“ ЈА ПОЧНУВА ПОТРАГАТА ПО ДРЕВЕН ЖИВОТ НА МАРС

Њујорк, (Би-Би-Си)

Роверот „Персеверанс“ стигна до голем момент во својата мисија на Марс. Роботот со шест тркала денеска ќе почне со искачувањето на древна делта што се наоѓа во кратерот во кој се спушти, при што често ќе застанува со цел да ги испитува карпите кои би можеле да содржат докази за минатиот живот на планетата.

На враќањето, што се очекува на крајот на годината, роверот ќе собере примероци од карпите и ќе ги остави во основата на делтата, за да бидат извлечени од идните мисии. Целта е овој материјал да се донесе на Земјата во следната деценија, со цел детаљно да се истражи.

Делтата на кратерот Језеро е главната астробиолошка цел на ‘Персеверанс‘. Веруваме дека овие карпи имаат најголем потенцијал да содржат траги на древен живот и исто така можат да ни кажат за климата на Марс и како таа се менувала низ времето“, изјави заменичката-научник на проектот Кејти Стек Морган.

Роверот имаше спектакуларно спуштање во 45 километри широкиот кратер Језеро на 18 февруари минатата година и оттогаш ги тестираше своите алатки и инструменти.