ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ПРВПАТ НАСТАПИ ВО ТИРАНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски за првпат во својата повеќедецениска кариера настапи во Тирана.

Тој одржа концерт во саботата во рамките на Албанскиот гитарски фестивал, при што на сцената го придружуваа синот Јан на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара, веќе стандардната постава на неговото трио.