Еден од најпопуларните македонски бендови „Суперхикс“ објави нов сингл, за кој вели дека е најава на следниот студиски албум.
Песната насловена „Крута“ е првата од неколкуте нови кои се снимани минатиот месец во студиото „Тра ла ла“ во Скопје.
Фановите чекаат нов албум на „Суперхикс“ веќе пет години, односно од излегувањето на „Андерграунд евергрини“.