По повеќе од 120 години, париското метро ги укинува хартиените билети. Градските власти за јавен превоз објавија дека правоаголните картончиња постепено ќе се исфрлаат од употреба.
Париз донесе ваква одлука 20 години по Њујорк, односно десет години по Лондон.
„Сакавме и порано да го направиме ова, но кризата со чипови нè успори“, изјави Лоран Пробст, генералниот директор на регионалната транспортна организација „Ил де Франс мобилите“.
Метро билетите почнале да се користат на 19 јули 1900 со отворањето на Линија 1. Своевремено чинеле 25 сантими, а денес за едно возење се плаќа 1,90 евра.
До 2025 ќе бидат тргнати сите машини за купување билети и ќе бидат заменети со билети на мобилни телефони или посебни картички.