Некои од најактуелните домашни бендови ќе бидат дел од 12. издание на фестивалот на „Пи-Ем-Џи“, што ќе се одржи вечерва во Младински културен центар, со почеток во 20:45 часот.
Фестивалот оваа година е насловен „Градот ме тера да пеам“ и на две бини ќе настапат вкупно девет групи и диџеи.
Програмата во Денсинг салата ја сочинуваат македонските бендови „Кат јор нипл“, „Хајка“, „Луфтанза“ и „Кантон6“, како и гостите од Хрватска, „Ниплпипл“, а во делот со електронската музика, свои сетови ќе имаат Галатеја, Веселинов, Виолета Качакова и Андреја Салпе. Програмата ќе трае до три часот.