ПРАВИЛОТО ОД ПЕТ СЕКУНДИ Е МИТ, НАУЧНИЦИТЕ ТВРДАТ ДЕКА НЕ Е БЕЗБЕДНО ДА СЕ ЈАДЕ ХРАНА ОД ПОД

Лондон, (Мирор)

На сите ни се случило да ни падне парче храна на под и потоа да го земеме мислејќи дека е безбедно да се изеде во рок од пет секунди. Истражувачите од Универзитетот Раџерс во Њу Џерси велат дека фамозното правило од пет секунди е мит и не треба да се применува.

Тие тврдат дека бактериите можат да се пренесат на храната за помалку од една секунда.

Професорот Доналд Шафнер, кој го водел истражувањето, кажа дека популарното мислење е целосно погрешно откако го тестирал со различни видови храна на различни површини. Тој фрлал лубеница, леб, путер и гумени бонбони на челик, керамички плочки, дрво и тепих на една, пет, 30 и 300 секунди. Сите материјали биле обложени со бактерии кои пренесуваат салмонела.

Научниците извршиле вкупно 2.560 мерења и во ниеден случај паднатата храна не била безбедна.

Правилото од пет секунди е претерано поедноставување на она што се случува кога бактериите преминуваат од површина на храна. Тие можат моментално да ја контаминираат“, вели Шафнер, додавајќи дека влагата игра голема улога при преносот на бактериите.

Колку е храната повлажна, толку е поголем ризикот од преносот“.