Три концерти се на програмата на вториот ден на 41. издание на Скопскиот џез фестивал.
Првиот дел е во Националната опера и балет (20 часот), каде што еден од најдобрите џез перкусионисти Хамид Дрејк ќе го претстави својот специјален проект „Турија“, преку кој ѝ оддава почит на влијателната американска музичарка, активистка и авторка Алис Колтрејн. Дрејк ја запознал Колтрејн кога имал 16 години и таа продолжила да му биде најголемата инспирација. Придружуван од шестмина врвни музичари, вечерашниот концерт е негова посвета на Колтрејн.
Од 23 часот, во МКЦ ќе настапат француското експериментално трио „Абакаси“, предводено од гитаристот Жилијан Депре и македонскиот бенд „Такси конзилиум“, еден од многуте музички проекти на талентираниот гитарист Филип Букршлиев.