Вечерва во 19 часот, во Кинотеката ќе се отвори изложба на фотографии од Охрид снимени од фотографот Јонче Поп Стефанија (1915-1983) во периодот од 1940 до 1945 година. Фотографиите се изработени од оригинални негативи, на архивска хартија и се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија.
Автор на изложбата е Роберт Јанкулоски.
Како дел од овој проект беа исчистени, препакувани, дигитализирани и дигитално реставрирани 1.025 негативи од фотографската збирка на Поп Стефанија.
„Од изложбата е направена дигитална верзија, со што овие фотографии стануваат достапни насекаде низ светот“, вели Јанкулоски.