ПРОМОЦИЈА НА БЛУРЕЈ ИЗДАНИЕ НА „ФРОСИНА“ И КНИГА НА АТАНАС ЧУПОСКИ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Кинотеката на Македонија утре ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со промоција на книгата „Иницијација и покајание – доминантни топоси во наративниот дискурс на рускиот филм во 21. век“ на д-р Атанас Чупоски. На настанот ќе биде презентирано и блуреј изданието на првиот македонски игран филм „Фросина“ на Воислав Нановиќ.

Kнигата ќе ја промовираат проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска и директорот на Кинотеката и уредник на изданието Владимир Ангелов.

Во издание на Кинотеката, „Иницијација и покајание“ е филмско-теориско истражување на Чупоски, филмолог-советник во оваа установа.