НИКОЛА РИСТАНОВСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР АКТЕР НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО НИКШИЌ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Никола Ристановски ја освои гран при наградата за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ за ликот на д-р Стокман во претставата „Народен непријател“, во режија на Нина Николиќ. Претседателка на жирито кое му ја додели наградата беше прославената актерка Тања Бошковиќ.

Ова е веќе трета награда за Ристановски за оваа улога, по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на фестивалот „Нов тврдина театар“ во Србија.

„Народен непријател“, адаптација на класичното дело на Хенрик Ибзен, имаше премиера во Македонскиот народен театар на 9 мај годинава.

(Фото: МНТ)