ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКИ НА САЛИ ЕРТУНЧ ВО ЛИКОВНИОТ САЛОН ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)
KODAK Digital Still Camera

Во Ликовниот салон во Велес синоќа е отворена самостојната изложба „Технолошки примитивци“ од Сали Ертунч, ликовен уметник од Скопје. Тој пред велешката јавност се претставува со 16 дела, графики во боја, изработени во линорез техника.

„Оваа изложба е мое истражување започнато во 2020 година. Истражувам целински поими, научни дефиниции и научни теории. Кога графика се изработува во боја, тоа е долгорочен процес. Од друга страна, во тој процес можат да се менуваат инспирации, се откажуваш од првичната идеја, па се навраќаш. Техниката ми дава слобода на изразување и можност материјалот ефикасно да се искористи“, кажа Ертунч.

Ова е негово прво претставување во Велес и четврта самостојна изложба годинава во земјава, но додава дека сите беа со различни дела.

Ертунч е роден во Скопје во 1990. Завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје, по што го продолжил своето делување како дел од колективот „Кула“.

П. ПЕЧКОВ