ОБЈАВЕН ПРВИОТ ТРЕЈЛЕР ЗА „БАРБИ“ СО МАРГО РОБИ, ВО КИНАТА ДОАЃА ВО ЈУЛИ 2023

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Објавен е првиот трејлер за долгоочекуваниот филм за Барби, кој првпат го прикажува официјалниот изглед на Марго Роби во акција. Австралиската актерка ја презема улогата на славната кукла во сатиричниот филм во режија на Грета Гервиг, која го напиша сценариото заедно со нејзиниот сопруг Ноа Баумбах.

Во актерската екипа се и Рајан Гослинг како Кен и Вил Ферел како извршниот директор на компанијата „Мател“, како и Кејт Мекинон, Америка Ферара и Мајкл Сера.

Идејата за филмот „Барби“ првпат се појави во 2015, а во насловната улога првично требаше да биде Ејми Шумер, па Ен Хатавеј. Барби“ ќе има премиера во кината во јули 2023.