ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА „НОВОГОДИШЕН СОН“ ЌЕ СЕ ИГРА ДО ПЕТОК ВО ДРАМСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Во Драмски театар до 30 декември ќе се игра детската претстава „Новогодишен сон“. Премиерата беше вчера, а претставата е работена во соработка со студиото за актерска игра „Прва проба“

Претставата е наменета за најмладата публика во која децата актери пред своите врсници од повеќе основни училишта ќе ја изведуваат оваа новогодишна претстава.

Авторка е Јулијана Мирчевска, а режисер Зоран Љутков.

Играат: Матеј Настевски, Нина Симјаноска, Саша Димитриевска, Бисера Анѓелков, Михаела Костовска, Тео Манев, Ина Прокоповска, Елена Кочарева, Mиа Живковска, Леа Стојков, Милош Тепавац, Јанис Далајоргос, Илина Ефремова, Мила Велковска и Летиција Кондратенко.

Костимографи се Раде Василев и Ратка Џамбазовска-Коцев, а автор на музиката Миодраг Неќак.

(Фото: Драмски театар)