ЛЕДЕНИОТ СВЕТ ВО КИНЕСКИОТ ГРАД ХАРБИН СЕ ОТВОРИ ПО 39. ПАТ

Харбин, (АФП)

Најголемиот светски фестивал на скулптури од снег и мраз се отвори по 39. пат во кинескиот град Харбин. Оваа година, спектакуларниот леден свет се простира на површина од 810.000 квадратни метри и содржи стотици кули, замоци, скулптури и други структури.

Меѓу забавните активности се истакнуваат ледена лизгалка долга 500 метри и панорамско тркало во облик на снегулка високо 122 метри, што е новина на фестивалот.

Целиот мраз доаѓа од локалната река Сонгхуа. Работниците сечеле блокови мраз од реката и со недели ги транспортирале до локацијата на фестивалот, пред да бидат обликувани.

Фестивалот вообичаено трае до крајот на февруари, но тоа сепак зависи од временските услови.

(Фото: АФП/Синхуа)