ТРАМП ГИ ДОДЕЛИ ПРВИТЕ „НАГРАДИ“ ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ, ПОБЕДИ „ЊУЈОРК ТАЈМС“

Вашингтон, (Гардијан)

Доналд Трамп го искористи својот омилен медиум Твитер за да ги соопшти победниците на првите „награди за лажни вести“, кои опфаќаат и мали грешки на новинари и медиумски извештаи кои подоцна биле коригирани.

Имињата на „наградените“ беа објавени на Твитер-профилот на Републиканскиот национален комитет, при што најчесто споменувани медиуми се Си-Ен-Ен и „Њујорк тајмс“.

Повеќето од вестите се однесуваат на наводното мешање на Русија во предизборната кампања во 2016 година, што Трамп го опиша како најголемата лага врз којашто бил изложен американскиот народ.

Првата награда ја однесе Пол Кругман од „Њујорк тајмс“, кој на денот на победата на Трамп објави дека „американската економија никогаш нема да заздрави од тоа и дека следува глобална рецесија, на која нема да ѝ се гледа крајот“.

„И покрај некои корумпирани и нечесни медиумски извештаи, постојат голем број новинари кои ги почитувам и многу добри вести на коишто Американците можат да бидат горди“, заклучи потоа Трамп.