Не е невообичаено што во една монархија, стара над 1.200 години, кралицата Елизабета Втора наследила повеќе исклучителни и бесценети парчиња накит.
Иако има накит специјално изработен за неа, во големото богатство има парчиња кои ги наследила од долгата британска монархија или ги добила како подарок.
Кралска круна со 2.868 дијаманти
На 1 јануари 1967 година, на нејзиното крунисување, кралицата ја носела кралската државна круна, заедно со ѓерданот со дијаманти. Круната била направена за крунисувањето на кралот Џорџ Шести во 1937 година и има 2.868 дијаманти, 17 сафири, 11 смарагди и 269 бисери.
Рубини од Мјанмар
За гала настан во „Ковент гарден“ на 30 мај 1977 година, кралицата носела тијара направена од рубини, која била подарок од Мјанмар за нејзиното крунисување.
Големата руска тијара
Тијарата со дијаманти и бисери која кралицата ја носела на 22 мај 1978 година е позната како голема руска тијара, а соодветните ѓердани и обетки првично биле подарок за кралицата Викторија. Брошот од дијаманти во форма на панделка со бисер ѝ беше даден на кралицата Мери на денот на нејзината венчавка.
Ѓерданот од јапонски бисер
Овој ѓердан од четири реда со бисери и со дијамантски приврзок беше нарачан за кралицата од јапонската влада во раните 80-ти години на минатиот век. Кралицата е фотографирана на 16 ноември 1983 година. Во денешно време, може да се забележи дека во некои пригоди го носи војвотката од Кембриџ, Кетрин, сопругата на принцот Вилијам.
Бразилскиот син комплет
Во чест на нејзиното крунисување, кралицата добила подарок дијамантски сет во сина боја од ѓердан и обетки. Четири години подоцна, таа нарачала од британска луксузна златара да ѝизработат тијара да биде во комплет со накитот. Таа е фотографирана со целиот комплет на 15 октомври 1986 година.
Руска тијара со шилци
За време на државничка средба во Исланд, на 25 јуни 1990 година, кралицата ја носеше руската тијара со шилци, која ја носела на венчавањето со принцот Филип во 1947 година.
Државната дијадема
Круната од дијаманти, која кралицата ја носеше на 13 ноември 2002 година, е позната како државна дијадема и е изработена во 1820 година за кралот Џорџ Четврти, вујко на кралицата Викторија. Дијадемата традиционално ја носат кралевите и кралиците во обраќањето во британскиот парламент, настан попознат како „Говорот на кралот“.
Омилениот брош
Овој брош со злато, рубини и дијаманти е омилен на кралицата, а ѝ го подарил нејзиниот сопруг, принцот Филип во 1966 година.
Цветниот брош
Кралицата го добила овој брош во облик на корпа со цвеќиња како подарок од нејзините родители кога го родила синот, принцот Чарлс, во 1948 година.
Кралскиот ѓердан од рубини
За време на официјалната посета на Германија на 24 јуни 2015 година, кралицата го носеше кралскиот ѓердан од рубини, дизајниран од принцот Алберт за кралицата Викторија. Ѓерданот беше дел од колекцијата на кралицата мајка, Елизабета Прва.
Омилениот бисерен ѓердан
Овој ѓердан во три реда се претпоставува дека ѝ е омилен на кралицата, бидејќи често го носи. Можеби затоа што ѝ е подарок од нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, или поради тоа што е елегантно и едноставно парче, кое може да се комбинира со други парчиња накит.