Ученици од скопската гимназија „Никола Карев“, членови на бендот „Црно собрание“, вчера настапија како специјални гости на фестивалот „БГ инвазија“ во Домот на младината во Белград.
Бендот го сочинуваат Мона Ристова (вокал), Доротеја Солунчева (вокал), Кирил Лазаревски (гитара), Мартин Атанасов (бас гитара), Павел Петковски (гитара) и Дарија Манева (тапани).
Фестивалот првпат се одржа во 1992, а произлезе од натпреварот на бендовите од белградските гимназии. Неговата цел е да ги претстави средношколските бендови што постојат во белградските гимназии. Организаторите на настанот велат дека за секој млад човек е важно да се занимава со музика, затоа што така се развиваат способности неопходни во натамошниот животен пат.
Носител на оваа активност е Здружението на наставници по музичка култура на Србија, во соработка со СУГС „Никола Карев“ од Скопје, а под менторство на професорката по музичка култура Емилија Ристановска.
(Фото: Е. Ристановска)