„Преекспонирано“, првиот игран филм на Елеонора Венинова, синоќа ја имаше македонската премиера во кино Фросина, а од денеска игра во скопските кина Синеплекс и Милениум, како и во Велес и Свети Николе.
Ова следува пет месеци по светската премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, а следниот фестивалски настап ќе го има на КинЕст фест во Катанија (Италија).
Посетителите имаа можност да ги видат оригиналните фотографии кои се користат во филмот и се изработени со аналогни фототехники и со користење на „ефектот Сабатиер“, односно преекспонираниот ефект по кој филмот го добил своето име.
Венинова е режисерка и сценаристка на филмот, во кој улогите ги толкуваат Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска и Марјан Наумов.