67. ЕВРОВИЗИЈА ЌЕ ГИ ОБЕДИНИ КУЛТУРИТЕ НА УКРАИНА И ЛИВЕРПУЛ, МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ НЕ УЧЕСТВУВА

Ливерпул, (Ројтерс)

Под мотото „Обединети од музика“, денеска почнува 67. издание на Евровизија, кое ќе ги спои културите на Украина и Ливерпул, родното место на „Битлс“, објавија организаторите. Поради војната, Украина како актуелен победник не беше во можност да биде организатор, па место неа, домаќин е Велика Британија, односно Ливерпул.

Македонија не учествува за првпат, откако, како и Бугарија и Црна Гора, се откажа поради преголемите трошоци.

Денеска е првото полуфинале, второто е за два дена, во кои ќе настапат вкупно 31 држава, додека загарантиран пласман во финалето на 13 мај имаат Украина, Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија.

Специјални гостинки вечерва ќе бидат музичката ѕвезда Рита Ора и украинската пејачка Аљоша, која настапи на Евровизија во 2010.

(Фото: ЕБУ)