СО „РАНИ ТРУДОВИ“ НА ЖИЛНИК ПОЧНУВА ЛЕТНОТО КИНО ВО КИНОТЕКАТА, УТРЕ ЌЕ ИМА И РАЗГОВОР СО РЕЖИСЕРОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Со вечерашната проекција на култниот филм „Ради трудови“ од Желимир Жилник (21 часот), Кинотеката го отвора своето Летно кино. Утре од 21 часот ќе биде прикажан документарецот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак, посветен на еден од најконтроверзните творци во југословенската кинематографија.

Жилник и Баљак ќе присуствуваат на проекцијата и публиката ќе има прилика да разговара со нив.

„Рани трудови“ е филм за една девојка и три момчиња обземени со прашањето дали е можно да се стане господар на сопствената судбина. Во почетокот наидуваат на публика, луѓе кои внимателно ги сослушуваат, но потоа ги отфрлаат нивните идеи бидејќи се премногу радикални.

Филмот ја доби Златната мечка на Берлинскот фестивал во 1969 година.

Филмот „Капитал“, базиран на истоименото дело на Маркс, е снимен во 1971 како продолжение на „Рани трудови“, но никогаш не бил прикажан.