Младите во Германија кои годинава стануваат полнолетни од оваа недела можат да се пријават за таканаречениот пасош за култура (KulturPass) и на тој начин да искористат 200 евра за културни содржини.
Парите ќе можат да се потрошат на влезници за кино, театар, концерти и музеи, како и за купување книги, звучници и музички инструменти. Пасошот не важи за платформи како „Нетфликс“, „Амазон“ и „Спотифај“.
Во оваа национална иницијатива, што ја чини државата 100 милиони евра, учествуваат околу 4.900 културни установи со 1,6 милиони различни понуди. Околу 750.000 млади ќе можат да искористат ваков пасош.
„Сакаме да го отвориме патот кон културата. Пасошот за култура е порака за младите кои мораа да се изолираат за време на пандемијата, но и поттик за иднината“, кажа министерката за култура и медиуми Клаудија Рот.
(Фото: ДПА)