Францускиот уметник Сајп наслика огромно стуткано пластично шише директно на тревата во парк во Лозана, со цел да ја крене свеста за загадувањето. Триесет и четиригодишниот Сајп, чие вистинско име е Гијом Легро, користеше креда и јаглен за да го направи делото, сместено на брегот на Женевското Езеро.
Се очекува делото, кое е дел од неговиот проект „Ѓубре“, да остане видливо две до три недели.
„Мојот отпад не остава траги“, кажа Сајп.
Тој се специјализираше за правење огромни биоразградливи ултрареалистични слики налик на графити, кои најчесто се појавуваат на падини на планини или во паркови и траат кратко, а најдобро можат да се видат од воздух.
(Фото: Сајп)