Претставата „Нема да биде крај на светот“, која е копродукција на Македонскиот народен театар (МНТ), Перипетија продукција од Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР утре ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.
Фестивалот на музика, танц и театар се одржува во спомен на писателот Матео Латино.
Во претставата во режија на Нина Николиќ, која досега доби повеќе од 10 награди, играат Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ.