МАСК ЌЕ РАЗВИВА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА СО СВОЈАТА НОВА КОМПАНИЈА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Илон Маск објави дека отворил компанија во чиј фокус ќе биде вештачка интелигенција. Во „xAI“ преминале и неколкумина инженери кои претходно работеле во „Гугл“ и „ОпенАИ“.

Шефот на „Тесла“ претходно препорачуваше да се направи пауза во развојот на вештачката интелигенција и дека на овој сектор му треба регулација. Тој вели дека ја создал новата компанија за да ја разбере реалноста.

Засега е нејасно кои ќе бидат специфичните цели на компанијата и каков тип на вештачка интелигенција ќе развива.

Маск беше еден од првите поддржувачи на „ОпенАИ“, која ја разви популарната апликација ЧетГПТ, но потоа ги влоши односите со компанијата и стана критичар на нејзиниот производ. Во март, тој беше еден од потписниците на писмото во кое беа нагласени безбедносните грижи поврзани со вештачката интелигенција.

(Фото: Гети)