НАЈГОЛЕМ СОБИР НА ДИЏЕИ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – „ХАЈНЕКЕН“ ГО СЛАВИ 150. РОДЕНДЕН СО ЖУРКА СО 150 ДИЏЕИ ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Најголемиот собир на диџеи во историјата на Македонија ќе се одржи денеска во Градски парк во Скопје.

Сто и педесет диџеи ќе пуштаат музика на настан со кој една од најпознатите пиварници на светот „Хајнекен“ ќе го прослави својот 150. роденден и во Македонија. Манифестацијата почнува на пладне и ќе се одвива на пет бини.

Голем дел од диџеите ќе настапат во рамките на седмото издание на Скопската винил конвенција, која истовремено ќе се одржува во паркот. На настанот кој ги собира љубителите на винилот од целиот регион ќе учествуваат повеќе од 50 диџеи и над 30 колекционери и изложувачи на плочи, а ќе се одржат и работилници и скреч сесии.

Освен на конвенцијата, диџеи постојано ќе се изменуваат на четири други бини, што вклучува ветерани како Драган Б. Костиќ и диџеи од младата генерација.