Последната сезона на серијата „Круна“ ќе излезе во два дела до крајот на годината, објави „Нетфликс“. Првиот дел од шестата сезона ќе излезе на 16 ноември, а вториот дел на 14 декември.
„Нетфликс“ ги објави датумите со видео во кое се прикажани актерките кои досега ја играа кралицата, Клер Фој, Оливија Колман и Имелда Стонтон како размислуваат за улогата на монархот во земјата.
Петтата сезона ги опфати настаните по разводот на Чарлс и Дијана, а последната ќе ја покрие сообраќајната несреќа во Париз во 1997, во која таа загина. Ќе се појават и синовите на Чарлс и Дијана, принцовите Вилијам и Хари, како и Кејт Мидлтон, денешната принцеза од Велс.
(Фото: Пипл)