ШЕСТАТА СЕЗОНА НА „КРУНА“ ЌЕ ЗАВРШИ СО ДВА ДЕЛА, ПРЕМИЕРИТЕ СЕ НА 16 НОЕМВРИ И 14 ДЕКЕМВРИ

Лондон, (Гардијан)

Последната сезона на серијата „Круна“ ќе излезе во два дела до крајот на годината, објави „Нетфликс“. Првиот дел од шестата сезона ќе излезе на 16 ноември, а вториот дел на 14 декември.

„Нетфликс“ ги објави датумите со видео во кое се прикажани актерките кои досега ја играа кралицата, Клер Фој, Оливија Колман и Имелда Стонтон како размислуваат за улогата на монархот во земјата.

Петтата сезона ги опфати настаните по разводот на Чарлс и Дијана, а последната ќе ја покрие сообраќајната несреќа во Париз во 1997, во која таа загина. Ќе се појават и синовите на Чарлс и Дијана, принцовите Вилијам и Хари, како и Кејт Мидлтон, денешната принцеза од Велс.

(Фото: Пипл)