Со концертот во арената „О2“ во Лондон, Мадона ја почна својата турнеја со најголемите хитови, со која одбележува 40 години кариера, чиј почеток беше одложен за неколку месеци поради сериозни здравствени проблеми. Кралицата на попот отпеа 47 хитови, но покажа дека сѐ уште нема доволно енергија по бактериската инфекција во јуни, поради што беше хоспитализирана на интензивна нега.
„Не мислев дека ќе дотуркам дотука, ниту моите лекари“, кажа Мадона за својата болест.
На турнејата „Прослава“, нејзина прва со најголемите хитови, Мадона ќе одржи 78 концерти во 15 земји. На сцената ѝ се придружија и петте деца. Седумнаесетгодишната Мерси свиреше пијано на песната „Лоша девојка“, додека 11-годишната Стела учествуваше во кореографијата за песната „Не ми кажувај“. Посвоениот син Дејвид свиреше гитара на песната „Мајка и татко“.
Мадона се присети и на своите музички почетоци како тапанарка во бендот „Брекфаст клаб“.
„Свирев тапани, но не ми се допаѓаше да бидам тапанарка. Сакав да бидам во првиот ред“, кажа Мадона пред 20.000 гледачи.