ВИКТОРИЈА БЕКАМ ИМА 15 СКАПОЦЕНИ ПРСТЕНИ ОД СОПРУГОТ, СИТЕ ГИ ВИКА СВРШЕНИЧКИ

Лондон, (Вог)

Со објавувањето на серијата „Бекам“ на „Нетфликс“, стилот на Викторија и Дејвид Бекам повторно е во центарот на вниманието, објави „Вог“.

Викторија има околу 15 скапоцени прстени со кои може да се пофали за време на 24-годишниот брак со Бекам. Бившиот англиски фудбалер ја побара поранешната членка на групата „Спајс грлс“ за жена со рачно изработен дијамант, направен по нарачка.

Бекам ја побара поранешната членка на групата „Спајс грлс“ за жена со рачно изработен дијамант. (Фото: Вог)

Набргу по свадбата во Ирска на 4 јули 1999, Викторија почна да носи различни прстени со дијаманти, рубини, смарагди и сафири, но свршеничкиот е најскап во нејзината колекција. Сите прстени кои ги има ѝ се подарок од сопругот, а таа сите 15 ги нарекува свршенички.

Викторија Бекам со гордост позира со накитот од сопругот. (Фото: Вог)

Викторија со тек на годините го промени својот стил на облекување, преминувајќи од широки фармерки на фустани во комбинација со палта и чизми со врвки. Како модна дизајнерка, таа сака да ги комбинира своите скапоцени прстени со разновидна облека и на речиси сите јавни настани гордо позира со накитот.