Финскиот метал бенд „Аморфис“ ќе одржи концерт во Скопје на 2 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ), во состав на актуелната европска турнеја со која го промовира албумот „Хало“. Концертот е во рамките на фестивалот „Таксират“, кој годинава се одржува по 25. пат.
Како специјални гости настапуваат исландскиот метал бенд „Солстафир“ и финските металци „Лост сосајети“ како предгрупа.
Бендот „Аморфис“ е формиран пред 31 година. Имаат одржано повеќе турнеи и снимиле 14 албуми.
Билетите се продаваат преку мрежата на „Мк тикетс“ по цена од 1.200 денари, која важи за првите 300 билети, а потоа ќе чинат 1.400.
Фото: Фејсбук