ТЕЈЛОР СВИФТ ВО ЧЕКОР СО ТРЕНДОВИТЕ, А СЕПАК ДОСЛЕДНА НА СВОЈОТ СТИЛ

Холивуд, (Вог)

Една работа е карактеристична за приватниот живот Тејлор Свифт, таа секогаш има време за своите пријателки.  Дури и среде нејзините најголеми романси, пејачката секогаш одвојува време за излегување со друграките.

Свифт им се придружи на Селена Гомез, Зои Кравиц и Кели Спери на суши вечера во Западен Холивуд, со изглед со кој докажа дека ја задржува во чекор со трендовите, а сепак останува доследна на нејзиниот личен стил.

Тејлор Свифт на вечера со пријателките во Холивуд, облече бела хеклана блуза. (Фото: Вог)

 

Свифт носеше бела хеклана блуза со широки ракави. Хекланиот дезен ја прави оваа блуза во голема мера проѕирна. Одоздола, пејачката носеше црна маица, што ѝ даде впечатлив контраст на боите. Кошулата ја носеше во комбинација со фармерки и црни чизми на потпетици.

Гомез, исто така, се одлучи за удобен изглед, облечена во долг црн џемпер и фармерки. Кравиц исто така носеше црно, а Спери облече црни фармерки и бела тексас јакна.