Ќе се снима биографски филм за Илон Маск, откако независното студио „А24“ ги откупило правата за адаптација на неодамна објавената книга на Волтер Ајзаксон. Се најавува дека режисер ќе биде прославениот Дарен Аронофски.
„Вараети“ објави дека „А24“ победило жестока конкуренција во наддавањето за правата за авторизираната биографија на Илон Маск, која излезе пред два месеца. Ајзаксон, кој е поранешен извршен директор на Си-Ен-Ен, има напишано биографии и за Алберт Ајнштајн, Бенџамин Френклин, Хенри Кисинџер и Стив Џобс. Последната исто така беше адаптирана во успешен филм.
„Мило ми е што Дарен ќе го прави ова. Тој е еден од најдобрите“, напиша Маск на Икс.
(Фото: Гети)