КЛИНТ ИСТВУД СНИМА НОВ ФИЛМ НА 93 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (Пипл)

Клинт Иствуд снима нов филм на 93 години. Легендарниот американски филмаџија е снимен на сетот на неговиот следен филм „Поротник број 2“ (Juror No. 2) во Савана, Џорџија, кој следува по „Cry Macho“ од 2021.

За разлика од претходниот филм во кој и глумеше, Иствуд сега само е режисер, а актерската екипа ја сочинуваат Николас Хоулт, Тони Колет, Крис Месина, Зои Дојч и Кифер Садерленд.

Според „Холивуд рипортер“, филмот следи поротник на судење за убиство (Хоулт) кој се бори со сериозна морална дилема која би можел да ја искористи за да влијае врз пресудата на поротата и потенцијално да го осуди или ослободи погрешниот убиец.

Поротник број 2“ е 46. филм кој Иствуд го потпишува како режисер, а првиот го сними во 1971.