ЛЕГЕНДАРНИОТ БЕНД „КИС“ СЕ ПОЗДРАВИ СО ПУБЛИКАТА ВО ЊУЈОРК, БЛИЗУ ДО МЕСТОТО КАДЕ ШТО ПРЕД 50 ГОДИНИ ЗАПОЧНАА ДА СВИРАТ

Њујорк, (АП)

Пред педесет години, четворица млади од Њујорк ги влечеа своите гитари и тапани во мансарда на 23-тата улица во Њујорк, сонувајќи да станат најголемиотрокенрол бенд во светот.

Овој викенд, истиот тој бенд, „Кис“, иако со два различни членови моментално во групата, се збогува со публиката на околу 10 блока северно од таа мансарда. Легендарниот бенд сношти (петок) свиреше на „Медисон Сквер Гарден“, а ова беше претпоследното шоу од нивната проштална турнеја „Крајот од патот“ (End of the Road), носејќи ја нивната масовна, пиротехничка продукција во култната концертна сала во Њујорк.

Вечерва (сабота) со сет листа од 23 песни, „Кис“ го одржува својот последен концерт во истата сала.

 

Фото: Гети