Најголемиот туристички центар во земјава, Охрид, е новогодишно украсен. Централното градско подрачје и кејот се украсени со светлечки реквизити, украси има и на сите кружни текови, а на градскиот плоштад е поставена новогодишна елка.
Тука се и типизираните бараки за продажба на греано вино, слатки, топла ракија, храна и сувенири како дел од новогодишниот базар кој се организира веќе неколку години. Од Општината велат дека градот е подготвен за гостите кои Новата година ќе ја дочекаат на охридското крајбрежје.
Според најавите, најбројни ќе бидат гостите од соседството, пред сé Србија и Бугарија, а нема да изостанат и домашните гости. Се очекува наскоро да бидат објавени и имињата на музичарите кои ќе ги забавуваат присутните на Градскиот плоштад за дочекот на Нова година.
С. ВРЕНЦОВСКА