Џорџ Клуни призна дека на светот нема доволно дрога за да го натера да ја повтори улогата на Бетмен. Тој и во минатото кажуваше дека прифаќањето на оваа улога му била најголемата грешка во кариерата.
Клуни беше славниот суперхерој во „Бетмен и Робин“ од 1997, каде што глумеше покрај Ума Турман и Арнолд Шварценегер. Оваа година накратко се појави како Брус Вејн во филмот „Флеш“, при што барал да го носи оделото со гумени брадавици како во „Бетмен и Робин“.
Гостувајќи во еден поткаст, Клуни призна дека „Бетмен и Робин“ не е добар.
„Филмот беше промашување и ја научив лекцијата. Потоа морав повторно да размислам за тоа како работам“, изјави Клуни.
Улогата на Бетмен ја наследи Бен Афлек, иако Клуни го советувал да не ја прифаќа.
(Фото: Гети)