ДЕЦАТА НА КИРСТИ ЕЛИ ПРАВАТ АУКЦИЈА СО НЕЈЗИНИТЕ ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ

САД, (Си-Ен-Ен)

Една година по нејзината смрт, децата на актерката Кирсти Ели одржуваат аукција на нејзини предмети. Тру и Лили Паркер го најавија настанот во изјава за „Пипл“.

„Нашата мајка собра толку многу забавни и уникатни работи во текот на нејзиниот неверојатен живот. Сакаме да споделиме некои од нив со другите, со надеж дека ќе ја шириме нејзината љубов кон украсувањето“, рекоа тие.

Кирсти Ели, која беше обучена дизајнерка на ентериер, почина во декември 2022 по кратка битка со рак на 71 година. Аукцијата ќе трае до 7 јануари и ќе се продаваат првенствено покуќнина и предмети од трите куќи на Ели.

Ели беше најпозната по нејзините улоги во филмовите „Види кој зборува“ (Look Who’s Talking) и сериите „Кафулето На здравје“ (Cheers) и „Плакарот на Вероника“ (Veronica’s Closet).

(Фото: Гети)