ВИОЛИНИСТКА ОД АВСТРИЈА И ВИОЛОНЧЕЛИСТКА ОД КОРЕЈА ГОСТУВААТ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА НА 8 ФЕВРУАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток (8 февруари) со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи концертот насловен „Заедно“.

Ќе се изведат Концертот за виолина, виолончело и пијано во Ц-дур, оп. 56 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“, оп. 14 од Ектор Берлиоз. Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а како солисти ќе настапат виолинистката Софи Хајнрих од Австрија, македонската пијанистка Марија Вршкова и виолончелисткатата Михе Рио од Кореја (фото).