МУЗИЧКИОТ КОЛЕКТИВ „АНДАН“ СНИМИ АЛБУМ ВО ЧЕСТ НА СВОЈОТ ПОЧИНАТ ЧЛЕН ФИЛИП МИТРОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот бенд „Андан“ (Undone) ќе објави нов албум посветен на својот починат член Филип Митров. Промоцијата на албумот насловен „Through the Bars of Time“ ќе се одржи во барот „Ла Кања“ во Старата чаршија на 12 февруари, на првата годишнина од трагичната смрт на Митров.

„Ќе се сретнеме во омилениот бар на Филип на 12 февруари една година по неговото заминување за да ги прославиме новиот албум и уметничко-љубовната врска што сите ја имавме со него“, најави бендот.

Албумот содржи осум музички композиции и пет рецитирани песни.

Основан во 2010, „Андан“ е музичко-поетски колектив без постојана постава, па низ него поминале бројни музичари и уметници. Во снимањето на новиот албум учествуваа Дарко Тасевски, Влад Каевски, Андреј Анастасов-Даскаловски, Мустафа Јонузовски, Ронит Бергман, Јорам Гур и Дарко Јаневски.