„ВОРНЕР БРОС“ БИ САКАЛ ДА СНИМА ВТОР ДЕЛ НА „БАРБИ“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Шефицата на „Ворнер брос“, Пем Абди, изјави дека би сакале да го снимаат „Барби 2“ откако филмот на Грета Гервиг ја запали публиката низ целиот свет.

„Барби“ заработи 1,4 милијарди долари на киноблагајните, со што е финансиски најуспешниот филм за минатата година. Имаше и осум номинации за Оскар, но доби само еден, за најдобра оригинална песна.

Филмот собори многу рекорди. Двете страни секогаш зборуваа за снимање продоложение, но на крајот, тоа ќе биде одлука на Грета“, изјави Абди.

Гервиг оваа недела изјави дека е отворена за оваа идеја, ако успее да најде плодно тло за филмот.

Таа е визионерка и еден од најдобрите филмаџии кои работат денес“, кажа Абди.