ВО ШТИП ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „КРАЛСТВО БЕЗ НАПИШАНА ИСТОРИЈА“ ОД ПАВЛЕ РИБАРСКИ

Штип, (СМАРТ.СДК.МК)

Книгата „Кралство без напишана историја“ од Павле Рибарски беше промовирана во Штип.

„Книгата го претставува старото кралство Пајонија како стара цивилизација на овие простори кое сѐ уште не е познато во целост, освен што има закопани артефакти од тоа минато време, но не и други поверодостојни документи“, вели Рибарски.

Рецензентот Чедо Цветановски рече дека книгата е историографска поема која е поделена на два дела,.

Рибарски е роден во Штип во 1943 и студирал во Словенија. Во 2017 ја издал стихозбирката „Штип и Љубљана“, а по неа се промовирани книгите „Џидимирци“, „Починка на уморени спомени“ и „Штипски и љубљански носталгии“.

Т. ЈОВАНОВСКИ