Мадона објави дека ќе одржи концерт на легендарната плажа Копакабана во Рио де Жанеиро, кој ќе биде најголем во нејзината кариера.
„Бразил, доаѓам наскоро“, изјави 65-годишната поп-кралица.
Концертот ќе се одржи на 4 мај, ќе биде бесплатен за сите фанови и ќе се пренесува на телевизијата „Глобо“. Претходните концерти на Копакабана привлекоа милиони луѓе, а таму настапија и „Ролинг стоунс“, Род Стјуарт и Лени Кравиц.
Мадона ја започна својата нова светска турнеја „Прослава“ во октомври и досега помина низ 14 држави.