КОНЦЕРТ И КАБАРЕ СО АМЕРИКАНСКИОТ ЏЕЗ-СВИНГ БЕНД „ПОСТМОДЕРН ЏУБОКС“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Американскиот џез-свинг бенд „Постмодерн џубокс“ ќе одржи концерт во Скопје на 6 септември во Филхармонијата, објави „Авалон“. Скопскиот концерт е во рамките на светската турнеја со која се одбележуваат десет години од основањето на бендот.

На концертот ќе се пеат најголемите светски поп-хитови во винтиџ стилот на 1920-тите. Ќе гледаме и свинг кабаре со танчари и инструменталисти, нешто во стилот на ‘Големиот Гетсби‘, во комбинација со Френк Синатра и филмот ‘Враќање во иднината‘”, велат од „Авалон“.

Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во нивната продажна мрежа низ Македонија.

Бендот го основал пијанистот од Њујорк Скот Бредли во 2011. Досега имал повеќе турнеи во Северна Америка, Европа и Австралија и над 1,9 милијарди прегледи на Јутјуб.