На 30 април од 13 часот, во паркот Ибни Пајко во Скопје ќе се одржи осмото издание на целодневниот џез хепенинг со македонски, регионални и светски музичари. Настанот е по повод Меѓународниот ден на џезот, кој се слави во целиот свет.
Ќе настапат септетот на Сашко Николовски, „Фани поса квартет“ со музичари од Унгарија, Србија и Германија, Гоце Стевковски со „Богданци реунион квартет“, „Лана Јањанин квартет“ од Хрватска, Џијан Емин и „Магичниот оркестар“ и „Карлос Сардуј грув месинџерс“ од Куба.
Ќе има и џез-работилница за деца, на која ќе имаат можност да се запознаат со музичките инструменти што се користат во џез-оркестрите и да учествуваат во заедничка композиција.
Фото: Џијан Емин ќа настапи со својот „Магичен оркестар“