ЖЕНСКИТЕ ГРАДИ СЕ ВО ФОКУСОТ НА ГОЛЕМА ИЗЛОЖБА НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ

Венеција, (Си-Ен-Ен)

Женските гради, еден од најстарите и најчести елементи во историјата на уметноста, се во фокусот на голема изложба едноставно наречена „Гради“, која се отвори во рамките на 60. Венециско биенале.

Изложбата опфаќа дела од 16. до 21. век

Поделени во пет соби, уметничките дела изгледаат како да разговараат едни со други, но и со посетителите, вели кураторката Каролина Пасти.

Тоа е многу интимно, па затоа е совршено за меѓународните уметници да развијат дијалог помеѓу себе“, вели Пасти.

Скулптура на Ален Џонс од 2015

Изложбата опфаќа дела од 16. до 21. век, при што преку сликарство, скулптура, дизајн, фотографија, комерцијално рекламирање и видеоуметност се истражуваат начините на кои градите се видени и претставени и од машки и од женски аспект.

Изложбата ќе биде отворена до септември.

„Дојка на Холивуд Хилс“ на Масами Тераока (1970)