500 МЛАДИ ТАНЧАРИ ИГРАА НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТАНЦОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Повеќе од 500 млади танчари танцуваа на настанот „Флеш моб“ на Плоштадот Македонија во Скопје, по повод Меѓународниот ден на танцот, кој се одбележува на 29 април.

Настанот го организираше танцовото студио „Брејк а лег“, а младите танчари почнаа со хитот „Can’t Touch This“ од Ем-Си Хамер. Учествуваа танцовите клубови „Аква“, „Ит да бит“ и „Брејк а лег“. Дел од нив ќе учествуваат на Светскиот шампионат во хип-хоп во Скопје, кој ќе се одржува од 8 до 17 октомври во салата „Борис Трајковски“, во организација на „Брејк а лег“.
Скопје ќе биде домаќин на речиси 6.000 танчари од повеќе од 30 земји.