Лекарите на германскиот тим им препорачуваат на своите спортисти да се напијат пиво веднаш откако ќе завршат со настап на Зимските олимписки игри.
Постои и научна причина зошто германскиот олимписки тим пристигна во Пјонгчанг со 3.500 литри безалкохолно и 11.000 литри регуларно пиво. Со 156 спортисти во тимот, тоа се 93 литри пиво по човек.
Според лекарот на скијачката репрезентација Јоханес Шер, спортистите би требало да пијат пиво рано и често. Тој смета дека пиење безалкохолно пиво по физичка активност повеќе го освежува организамот отколку вода или спортски пијалок.
Во студијата што ја објави во 2009 година, Шер заклучува дека спортистите кои пијат безалкохолно пиво после тренинг или натпревар помалку се подложни на запаление на мускули или на респираторни инфекции од оние кои користат некој заменски производ. Пивото содржи висока концентрација на полифеноли, кои влијаат позитивно на имунолошкиот систем.
Безалкохолното пиво на големо се рекламира во Германија како спортски пијалок, помалку само од Иран, каде што алкохолот воопшто е забранет.