ЏОН БОН ЏОВИ ПОТВРДИ ДЕКА СИНОТ ЏЕЈК СЕ ОЖЕНИЛ СО АКТЕРКАТА МОЛИ БОБИ БРАУН НА ИНТИМНА ЦЕРЕМОНИЈА

САД, (Си-Ен-Ен)

Џон Бон Џови потврди дека неговиот син Џејк се оженил со британската актерка Мили Боби Браун на интимна церемонија, за време на гостување во емисија на Би-Би-Си.

„Тие се одлични“, рече рок-ѕвездата како одговор на прашањето како е среќниот пар.

„Тие се апсолутно фантастични. Тоа беше многу мала семејна венчавка, а невестата изгледаше прекрасно, и Џејк е среќен. И да, вистина е“, рече тој.

Двојката првпат ја објави веста за нивната свршувачка во април 2023, а Браун (20) ја раскажа приказната за тоа како Џејк Бонџови (22) ја побара за жена во шоуто на Џими Фалон во март.

„Џејк и јас се поврзавме со нуркање. Ние го сакаме нуркањето, заедно ги добивме нашите лиценци за нуркање“, изјави актерката, пред да каже дека неговиот предлог за брак се случил под вода.

„Тој ми даде школка, и кога ја сврте од другата страна видов дека е прстен. Кога ми го стави прстенот на раката, тој се лизна и ми падна. Се случи толку брзо како на филм“, рече Браун. Бонџови потоа успеал да го најде прстенот, иако инструкторот по нуркање го предупредил дека отишол предлабоко.