ЦЕЛОДНЕВЕН ФЕСТИВАЛ НА ЈАПОНСКАТА КУЛТУРА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Денес (1 јуни) во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи фестивалот за јапонска култура, Сакура фестивал, во чест на 30-годишнината од воспоставувањето на македонско-јапонските дипломатски односи.

Слоганот на ова издание на фестивалот е „Расцути ја иднината“ , поврзано и со самото име на фестивалот Сакура (црешов цвет) и повикува кон градење на поодржлива иднина за сите. Мотото потекнува од јапонскиот израз „мотаиниа“ кој значи: „немој да го трошиш она што е вредно“.

На Фестивалот ќе има настани од повеќе области.

„Листата е долга и исполнета со звучни имиња. Имаме три концерти од млади музичари, еден пијано концерт, лајв сет со амбиентална музика, балет инспириран од јапонски буто танц, три панел дискусии (за јапонска култура и природа, архитектура и филм), претставување на 5 јапонски боречки вештини, две работилници, презентации и церемонија на чај, цртање во живо, две групни изложби, 4 натпревари во гејминг, 4 модни дизајнери, два ресторани со јапонска храна и над 15 излагачи на базар за изработки, аниме квиз, косплеј презентација, и мануелно принтање во живо“, велат од организациајата „Јапан мк“.