ЏЕРЕМИ РЕНЕР ДОБИ ПРВА УЛОГА ПОСЛЕ ЛАНСКАТА НЕСРЕЌА, ВО ФИЛМОТ „НОЖ ВО ГРБ“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Ѕвездата на „Марвел“, Џереми Ренер ја доби првата улога во филм, после несреќата при чистење снег во 2023.

Ренер ѝ се приклучи на ѕвездената постава за третиот дел од крими-комедијата „Нож во грб“ (Knives out), со Даниел Крег, Глен Клоуз, Ендру Скот, Кери Вашингтон и Џош О’ Конор,

Педесет и двегодишниот актер, кој глумеше и во „Одмаздници“, скрши повеќе од 30 коски и имаше повеќе операции, откако ненамерно беше прегазен од неговиот шесттонски чистач за снег додека се обидуваше да му помогне на својот внук на 1 јануари 2023.

Првиот дел од „Нож во грб“ излезе во 2019 за „Лајонсгејт“ и заработи повеќе од 310 милиони долари на светските киноблагајни.

Второто и третото продолжение се во продукција на „Нетфликс“.

Фото: Вајримиџ